Connect with us

Сергеј Милинковиќ-Савиќ сака да се врати во Лацио

Српскиот играч за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ им најавил на своите поранешни соиграчи од Лацио дека би сакал да се врати во клубот само шест месеци по заминувањето од Ал-Хилал, пренесува „Ил Месаџеро“.


Милинковиќ-Савиќ ги испрати играчите на Лацио на аеродромот во Ријад во саботата, откако „орлите“ загубија со 3-0 од Интер во италијанскиот Суперкуп.

Според информациите, играчот од средниот ред им соопштил на своите пријатели во тимот дека му недостасува Лацио и дека би сакал да се врати на „Олимпико“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови