
Македонскиот прволигаш Брера доведе ново засилување. Тоа е 23 – годишниот нигериски интернационалец Ибрахим Олаосебикан. Станува збор за централен играч за врска кој минатата година настапуваше за литванскиот тим Судова за кој одигра 34 натпревари во литванската лига и националниот Куп, при што постигна два гола, а имаше и три асистенции.
Олаосебикан својата карирера ја почнува во нигерискиот Реал Сафире, а во Литванија преминува во 2021 година каде освен во Судова има настапувано и во Хегелман.
Ибрахим има одлични физички предиспозиции, брзина и одличен преглед на играта.
„Воодушевен сум што сум овде во Струмица. Ви благодарам за топлиот прием за моето доаѓање. Тука сум да го поддржам тимот за да ги постигнеме целите заедно. Верувам дека моите вештини ќе бидат одлично дополнување на тимот“, изјави Ибрахим Олаосебикан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
