
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, наскоро би можел да добие нова работа. Норвежанецот се поврзува како опција за нов селектор на шведската репрезентација.
Во моментов Швеѓаните се во потрага по нов стратег по разделбата со Јане Андерсон, кој не успеа да се квалификува со селекцијата на ЕВРО 2024, а челниците на федерацијата се насочија кон Солскјер.
Во Шведска бараат селектор кој ќе го изгради тимот од нула и ќе ги постави темелите за иднината. Солскјер направи нешто слично кога беше назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед и сега Швеѓаните се надеваат дека може да го стори истото за нив.
Сепак, Солскјер не е единствената опција. На листата на потенцијални кандидати се и поранешниот репрезентативен дефанзивец Олаф Мелберг, Австралиецот Тони Густафсон и менаџерот на Блекбурн, Јон Дал Томасон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
