Англискиот првак Манчестер Сити ќе се обиде да го убеди Ерлинг Халанд да потпише нов договор со клубот и да остане на „Итихад“ за подолг период. Норвежанецот се обврза на верност до 2027 година, но, сепак, постои клаузула која доколку биде платена, тој ќе биде во можност да замине.
Реал Мадрид е клубот кој е најсериозен во таа намера, а Халанд секако е желба и на ПСЖ, па и на Барселона, која во моментот не е финансиски способна да реализира еден таков трансфер.
Затоа челниците на Манчестер Сити сакаат да ја искористат ситуацијата и да го продолжат договорот со 23-годишниот Норвежанец.
Халанд оваа сезона одигра 22 натпревари за Манчестер Сити, постигна 19 гола и имаше пет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













