
Македонскиот прволигаш Шкупи од денеска се комплетира откако се приклучија поголем дел од фудбалерите кои вчера отсуствуваа поради божиќните празници. Тренерот Младен Жижовиќ почна со одработување на првата фаза од подготовките.
Главниот дел ќе биде реализиран во Анталија каде Шкупи ќе замине на 20 јануари. Таму чаирчани ќе останат до 10 февруари.
Договорени се и неколку пријателски натпревари. На 23 јануари Шкупи ќе се соочи со унгарскиот тим Халадаш, а на 31 јануари ќе игра со полскиот тим Рух Хожов. Отворените термини остануваат 27 јануари, 4/5 февруари и 9 февруари, па имињата на противниците ќе бидат дополнително соопштени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
