
Напаѓачот Себастијан Але е подготвен да се пресели од Борусија Дортмунд во Бешикташ на позајмица до крајот на сезоната, тврдат турските медиуми. Според информациите, Бешикташ, кој е шестопласиран на табелата во турската Суперлига, во целост ќе ја преземе платата на Але.
Французинот во тимот од Истанбул треба да го замени Камерунецот Винсен Абубакар кој беше ослободен минатиот месец.
Себастијан Але се приклучи на Борусија од Ајакс во јули 2022 година, но набргу потоа му беше дијагностициран рак на тестисите. Тој се врати на теренот по операцијата и лекувањето во јануари 2023 година, но оваа сезона стартуваше само на четири од 16 натпревари за „жолто-црните“ и нема постигнато гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
