
Милан и официјално го финализираше договорот за потписот на Филипо Терачано. 20-годишниот бек пристигнува во тимот на Стефано Пиоли од Верона, а трансферната сума е 4 милиони евра. Во договорот се предвидени и бонуси од 1 милион евра. Дополнително, Верона ќе добие 10% од следниот трансфер на Терачано.
Младиот играч играше на сите натпревари на неговиот поранешен тим од почетокот на сезоната во Серија А, пред саботниот пораз од Интер со 2-1. Во 14 од нив беше стартер.
Терачано е младинец на Верона, а дебитираше во сениорскиот фудбал против Емполи за Купот на Италија во 2021 година. Има и еден натпревар за младинската репрезентација на Италија.
Договорот на дефанзивецот со Милан е до 2028 година. Во својот нов тим ќе игра со број „38“.
🤩 Bright-eyed and eager to begin 🖋️#ACMQuest #SempreMilan pic.twitter.com/hv8KSs92S9
— AC Milan (@acmilan) January 8, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
