Connect with us

Од таборот на Мбапе демантираат: Нема одлука за иднината, ниту постигнат договор

Од таборот на Килијан Мбапе побрзаа да ги демантираат информациите дека францускиот ас веќе се согласил да се пресели во Реал Мадрид на бесплатен трансфер во текот на летото. Преку авторитативниот новинар Фабрис Хокинс од РМЦ Спорт, кампот на 25-годишната ѕвезда на Пари Сен Жермен категорично негираше дека фудбалерот веќе има договор со шпанскиот гигант.


„Нема договор за иднината на Килијан, особено што немаше разговори за тоа. Никакво влијание од кој било вид не може да го диктира времето на размислувањата, мислите или одлуките на Килијан. Исто како и пред две години, Килијан Мбапе останува „господар на часовниците“ (н.з. израз што го користеше и францускиот претседател Емануел Макрон)“, велат од опкружувањето на Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови