Поранешниот селектор на репрезентацијата на Португалија, Фернандо Сантош, е назначен за нов тренер на турскиот гигант Бешикташ.
69-годишниот стратег последен пат беше на кормилото на Полска, но беше отпуштен минатата есен поради лошите резултати.
Сантош претходно беше на чело на својата родна Португалија, но се повлече откако испадна од Мароко во четврт-финалето на Светското првенство 2022. Со Португалците ја освои европската титула во 2016 година.
Фернандо Сантош во својата кариера ги водеше и екипите на Порто, Спортинг Лисабон, Бенфика, АЕК, ПАОК, како и репрезентацијата на Грција.
Во Бешикташ ќе го замени Риза Калимбаи. „Орлите“ се само на шестото место во турското првенство со 29 бода од 18 натпревари. Португалскиот тренер ќе го има своето деби утре на натпреварот со Ризеспор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













