Челси е подготвен да ја плати откупната клаузула во договорот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, тврди италијанскиот „Ил Матино“.
Нигерискиот репрезентативец неодамна потпиша нов договор со италијанскиот шампион кој вклучува откупна клаузула од 130 милиони евра. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ не бега од плаќање големи суми и може да го стори тоа за да го привлече најдобриот стрелец во Серија А за минатата сезона.
Сепак, конечниот договор меѓу Челси и Наполи за Осимен најверојатно нема да се случи во јануари. Наместо тоа, сопственикот на лондончани, Тод Боели, ќе почека до летото, кога ќе направи генерална проценка на сезоната и ќе одлучи какви инвестиции се потребни за засилување на тимот и во кои области.
Минатата сезона Осимен постигна 31 гол во 39 натпревари за Наполи и стана најдобар стрелец во Италија, помагајќи им на „наполитанците“ да дојдат до титулата. Од почетокот на оваа сезона, 25-годишниот Нигериец продолжи да настапува на ниво, иако неговите бројки се малку поскромни – осум гола и три асистенции на 18 натпревари.
Осимен пристигна во Наполи во 2020 година од францускиот Лил. Тогаш Италијанците платија 75 милиони за неговите права, а сега се надеваат дека ќе го продадат многу поскапо и ќе имаат сериозна заработка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal