Бразилскиот клуб Сао Паоло соопшти дека ја раскинува соработката со тренерот Доривал Жуниор, бидејќи тој ќе стане нов селектор на бразилската репрезентација.
Доривал Јуниор изјави дека „работата селектор на Бразил е остварување на сонот“.
Доривал (61) освои две титули со Фламенго во 2022 година – Копа Бразил и Копа Либертадорес – пред да го преземе Сао Паоло, со кого минатата година го освои Копа Бразил.
Бразил е без селектор откако Фернандо Диниз во петокот поднесе оставка поради лошите резултати по неполни шест месеци.
Петкратниот светски шампион не ги постигнува очекуваните резултати, претрпе три порази во квалификациите за СП 2026 година и се наоѓа на шестото место со седум бодови на табелата во јужноамериканските квалификации.
Бразилците долго го чекаа Карло Анчелоти да ја преземе функцијата, но на крајот тој го продолжи договорот со Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal