
Македонскиот прволигаш Шкендија го имeнуваше Јетон Беќири за нов шеф на стручнујот штаб. Тој потпиша 18-месечен договор со клубот.
По успешниот период во клубот како помошник тренер и во два наврати во улога на в.д. тренер на првиот тим, Јетон Беќири се враќа во Шкендија за првпат да го води тимот како шеф на стручниот штаб. Со своето богато искуство во домашниот и меѓународниот фудбал, Беќири е оценет како вистинскиот човек за доверување на клупата во периодот што следи.
„Да се биде тренер на Шкендија е голема привилегија и задоволство, но истовремено е и одговорност и мој личен предизвик. Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот и на сопствениците за укажаната доверба, со надеж дека на крајот резултатите ќе ни дадат право и ќе ги постигнеме целите“, изјави Јетон Беќири по потпишувањето на договорот со „црвено-црните“.
Беќири ја прифати поканата на Шкендија, еднострано раскинувајќи го договорот со екипата на Ал Џабалаин од Саудиска Арабија, каде во изминатите 15 месеци ја извршуваше функцијата менаџер/директор на академијата.
Јетон Беќири на клупата на Шкендија ќе го наследи Ардијан Нухиу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
