
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со Наполи го освои Купот на Италија. Веќе во првата сезона на Апенините, тој му се придружува на Горан Пандев, кој има богата колекција куп-трофеи од Италија во кариерата. Во големото финале на „Олимпико“, Наполи го совлада Јувентус со 4-2 по подобро изведување пенали, откако регуларниот тек заврши без голови, а токму Елмас ја имаше најдобрата шанса за гол.
Тимот на Џенаро Гатузо на пенали (4-2) го доби финалето на Купот на Италија против Јувентус. По 90 минути на „Олимпико“ немаше голови, а „наполитанците“ беа многу подобри изведувачи на ударите од 11 метри.
Елиф Елмас влезе во финишот и ја имаше најубавата шанса за да го реши финалето пред пеналите. Во судиското продолжение, Елмас од пет метри шутираше, но Џанлуиџи Буфон ја скрати радоста на македонскиот суперталент, да се запише и во листата на стрелците. Сепак, неговите соиграчи го донесоа куп-трофејот од белата точка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal