Баерн Минхен тргнува по Серху Гираси од Штутгарт, открива „Билд“. Сензационалниот напаѓач од Гвинеја оваа сезона постигна 19 гола и забележа две асистенции на 16 настапи. Неговите голови го издигнаа Штутгарт на самиот врв во Бундес-лигата, а тој во клубот пристигна во јули за само 9 милиони евра од Рен.
Сега по една сезона би можел да замине во најголемиот германски клуб. Баерн е подготвен да ја активира неговата отштетна клаузула од 20 милиони евра.
Според „Трансфермаркт“, Гираси моментно вреди 40 милиони евра, а неговиот договор со Штутгарт трае уште две и пол години.
Баерн Минхен се надева дека Гираси би можел да остане во Штутгарт до крајот на сезоната, а потоа би се реализиран овој трансфер.
Во тој случај местото во баварскиот тим би го загубил младиот француски напаѓач Матис Тел, кој би заминал на позајмица.
Гираси во својата кариера играше за Лавал, Лил, Оксер, Келн, Амиен и за Рен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













