Еден од најдобрите светски тренери, Карло Анчелоти, освојуваше трофеи со многу клубови, но никогаш немаше можност да го води тимот за кој навивал како дете.
Интересно, тоа е Интер, големиот градски ривал на Милан, каде тој имаше голема фудбалска, но и тренерска кариера.
„Кога бев дете навивав за Интер. Сè уште го сакам тој клуб. Но, никогаш нема да го тренирам“, искрено изјави италијанскиот стручњак, кој златните тренерски денови ги помина на клупата на градскиот ривал на Интер.
Шеесет и четиригодишниот Анчелоти е на клупата на Реал од летото 2021 година, кој е лидер во Ла Лига со 45 бода од 18 натпревари. Трофејниот тренер кариерата ја започна како асистент во стручниот штаб на италијанската репрезентација, а потоа раководеше со Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













