Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, одигра одличен меч за „црвените“, постигнувајќи два гола и асистенција во победата од 4-2 над Њукасл.
Сепак, Египќанецот сега го напушта својот тим на одредено време бидејќи оди да игра за „фараоните“ на Африканскиот куп на нации. Доколку Египет таму стигне до финалето, Салах ќе пропушти дури осум натпревари за тимот од „Енфилд“.
„И без мене момците ќе се снајдат. Имаме фантастични играчи“, оптимист е крилниот напаѓач.
Веруваме дека ќе ја освоиме титулата во Англија, а имаме исклучителен талент“, продолжи Салах.
„Одам на Африканскиот куп на нации затоа што сакам да го подигнам и овој трофеј. Сакам да играм за мојата земја. На полувремето против Њукасл си реков: „Дали навистина заминуваш со ваков настап? Не, нема да биде така…”. Во соблекувалната си коментиравме дека треба да останеме смирени“, додаде стрелецот на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













