Македонскиот прволигаш Брера објави дека двајца фудбалери заминуваат од клубот. Напаѓачите Папа Оумар Сисе и Христијан Малески си одат од Струмица.
21 – годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал кој во редовите на Брера Струмица дојде летово, нема да настапува за нашиот тим во продолжението на првенството.
Раководството на Брера и Сисе одлучија спогодбено да го раскинат договорот за неговиот ангажман. Во есенскиот дел имаше 14 настапи и забележа една асистенција.
Брера информираше дека истече договорот со фудбалерот Христијан Малески кој беше на позајмица и тој се враќа во Струга Трим Љум. Информациите говорат дека сепак повторно ќе биде позајмен, но овојпат во Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













