
Француската суперѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, резервирал куќа во Мадрид, пренесува „Ел Чирингито“.
Според шпанскиот извор, тоа значи дека 25-годишниот Французин следното лето ќе се пресели во Реал Мадрид. Напаѓачот наводно е во директен контакт со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез.
На 1 јануари беше објавено дека Реал доставил официјална понуда до францускиот фудбалер и поставил краен рок за донесување одлука – средината на јануари.
Договорот на Мбапе со ПСЖ е до летото 2024 година, без индикации за продолжување во моментов.
Сезонава асот на парижаните одигра 22 натпревари во сите натпреварувања, постигна 21 гол и две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
