Ливерпул во фантастичен меч на „Енфилд“ го победи Њукасл со 4-2, а сите шест гола беа постигнати во второто полувреме.
Мохамед Салах не реализира пенал во 23.минута, Дубравка го одбрани неговиот удар, а уште два гола не беа признати поради ВАР.
Салах во 49.минута донесе водство за Ливерпул, но само пет минути подоцна Александар Ајсак успеа да израмни.
Куртис Џонс во 74.минута повторно обезбеди предност за „црвените“, а четири минути подоцна Коди Гакпо зголеми на 3-1.
Ботман погоди за 3-2 во 81.минута, но Салах од пенал во 86.минута го потврди триумфот на Ливерпул.
Тимот на Јирген Клоп сега има три бода предност пред Астон Вила на врвот на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













