Португалскиот играч за врска Фабио Карвалјо го заврши својот предвремен позајмен престој во германскиот клуб Лајпциг и ќе се врати во англискиот премиерлигаш Ливерпул. Веста ја потврдија двата клуба.
Карвалјо на „биковите“ им се приклучи летото на едногодишна позајмица, но за шест месеци одигра само 15 натпревари, а на само три од нив беше меѓу стартерите.
Многу е веројатно дека Карвалјо (21) повторно ќе биде испратен на позајмица, овојпат во клуб во Англија каде што ќе може да ја добие потребната минутажа за игра.
Според британскиот печат, интерес за него има од второлигашот Лестер и Саутемптон, кои имаат сериозни аспирации за враќање во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













