
Лидерот во Серија А, тимот на Интер, го направи првиот зимски трансфер, доведувајќи го бекот на Бриж, Тајон Бјукенан, објави весникот „Гаџета дело спорт“.
Канадскиот интернационалец треба да пристигне во Милано на 2. или 3. јануари, да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор до 2028 година. Сѐ е договорено меѓу клубовите и фудбалерот.
Интер ќе плати 8 милиони евра на Клуб Бриж за правата на Бјукенан, а дефанзивецот ќе добива годишна плата од 1,5 милиони евра.
Се очекува дефанзивецот да биде во составот на Интер за натпреварот против Верона кој е закажан за в сабота на 6 јануари.
24-годишниот Тајон Бјукенан има 35 натпревари и четири гола за репрезентацијата на Канада.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
