
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев уште една година ќе го носи дресот на италијанската Џенова. Се е подготвено за нов договор на Џенова со Пандев кој и дефинитивно ја одложува пензијата поради желбата за настап со Македонија на Европското првенство следната година.
И покрај претходните размислувања веќе е извесно дека Џенова го подготви новиот договор за македонскиот репрезентативец кој треба да се официјализира наредниве денови.
И претседателот на Џенова, Енрико Пречиози претходно објави дека веќе разговарал со Пандев за да продолжи да го носи дресот на овој тим.
„Се сретнав со Пандев и го прашав: Дали сакаш да играш на ЕП? Тогаш, имаш отворена понуда, остани и играј тука додека сакаш. Пандев е еден од најсериозните фудбалери со кои се имам сретнато, тој има огромно позитивно влијание врз нашиот тим и нормално е да се чувствувам приврзано кон него“ – истакна неодамна Пречиози.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal