
Кристијано Роналдо ја заврши 2023 година како најдобар стрелец во светскиот фудбал. Португалецот постигна 54 гола за клубот и за репрезентацијата во календарската година, од кои последниот беше во победата на Ал-Наср од 4-1 против Ал-Тавон.
Роналдо годината ја оценува како многу успешна и е исклучително среќен што на сите им докажа дека неговата одлука да стане дел од шампионатот на Саудиска Арабија беше правилна.
„Среќен сум затоа што кога донесов одлука да дојдам овде, никој не веруваше во тоа што го кажав. Но, тоа е минато и веќе не е важно. Најважно е што лигата на Саудиска Арабија порасна и што сега играчите сакаат да дојдат овде затоа што знаат дека првенството е натпреварувачко и сега цел свет го гледа. Секој голем играч кој сака да дојде е добредојден“, изјави Роналдо.
Тој смета дека имал одлична година, а во 2024 година ќе го има истиот предизвик – да постигне што е можно повеќе голови.
„2023 година беше многу добра година за мене, колективно и индивидуално. Постигнав толку многу голови и им помогнав и на Ал-Наср и на репрезентацијата на Португалија. Навистина сум горд. Се чувствувам добро, се чувствувам среќен и следната година ќе се обидам повторно да го направам тоа“, изјави Роналдо по синоќешната победа на неговиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
