Connect with us

Некогаш беше славен фудбалер, а сега е диџеј и никој не го препозна на аеродром во Белград (ВИДЕО)

Фудбалерите уживаат во голема слава додека се на теренот, но откако ќе ја завршат кариерата, поголем дел од нив се непрепознатливи.


Најдобар доказ за тоа е поранешниот француски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Џибрил Сисе, кој во 2015 година стави крај на играчката кариера, но потоа двапати се враќаше на сцената.

Првпат паузираше во 2017 година и одигра една сезона во швајцарскиот Ивердон, а истото го направи и пред две години кога потпиша за ПАО Чикаго, но во тој клуб остана само два месеци.
Во летото 2021 година, Џибрил Сисе дефинитивно стави крај на фудбалската кариера и се посвети на музиката со која активно се занимава веќе седум години.

Тој реши да биде диџеј и добро му оди бидејќи настапува низ целиот свет, а пред неколку дена Сисе настапи и во Белград.

Поранешниот француски напаѓач во петокот наутро пристигна во Белград каде што имаше настап во еден локален клуб и остави доста добар впечаток, судејќи по коментарите на социјалните мрежи.

Сепак, по пристигнувањето на аеродромот во Белград, никој не го препозна 42-годишниот Сисе, бидејќи многу се променил, а некогаш играјќи за Ливерпул бил познат по цела планета.

@the_money_belgrade

Djibril Cissé has just arrived in Belgrade! 😎 SEE YOU TONIGHT AT MONEY CLUB💰

♬ original sound – Phil Harris

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови