Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец на погодок за Лидс Јунајтед во триумфот од 3-0 над Фулам во Чемпионшип – дивизијата. Славниот Лидс со големи чекори граби кон враќање во Премиер – лигата, со оглед дека го чува лидерското место со 74 бода, дури осум повеќе од третопласираниот тим на Брентфорд. Првите две екипи одат во англиската фудбалска елита.
Алиоски погоди во 56.минута за водство од 2-0. Првиот гол за Лидс Јунајтед беше дело на Патрик Бамфорд, а на 3-0 зголеми Џек Харисон.
ALIOSKI 2-0 LEEDS UNITED ! pic.twitter.com/z0wA2au9Ha
— Le Football en VOD IX (@LeFootballenVO7) June 27, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski