
Арсенал сака да го ангажира капитенот на Барселона, Серхи Роберто. На „Емирати“ бараат искусен бек и Артета гледа кон 31-годишниот Шпанец, тврди каталонскиот „Спорт“.
Договорот на Серхи Роберто е до лето и тој може да биде доведен за релативно ниска сума. Малку е веројатно дека Барса ќе му прави проблеми, бидејќи Каталонците засега не даваат никакви индикации дека ќе му понудат нов договор.
На Микел Артета му се допаѓа Серхи Роберто поради неговата сестраност. Може да игра и како десен бек, но и во средниот ред. Дополнително, менаџерот на Арсенал верува дека со своето искуство може да биде корисен во соблекувалната.
Серхи Роберто е играч од академијата на Барселона и целата своја кариера досега ја мина на „Камп Ноу“, а сега бара нов предизвик. Досега за каталонскиот гигант има 357 натпревари, 19 голови и 40 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
