Францускиот голман Хуго Лорис е нов член на Лос Анџелес. Подзаборавениот поранешен капитен на Тотенхем по 11 години го напушти Лондон и стана член на американскиот тим.
Лос Анџелес го потврди трансферот на францускиот голман, деталите не се познати, но од ова лето се знае дека тој не е првиот избор на Анге Постекоглу.
Лорис има 37 години, јасно е дека е на залезот на кариерата, а бидејќи не доби реални понуди од Европа, реши да замине во МЛС – лигата.
Тој пристигна во Тотенхем во летото 2012 година од Лион за 12 милиони евра и стана клупска легенда.
На голот на Тотенхем застана 444 пати, но за жал не освои трофеј. Најголемото достигнување е финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













