
Претседателот на Здружението на професионални фудбалери на Англија и Велс (ПФА) откри за „Скај Спортс“ дека фудбалерите се подготвени да бараат правна заштита поради зголемениот број на натпревари. Махета Моланго изјави дека ФИФА сериозно го ризикува здравјето на фудбалерите со постојано зголемување на бројот на натпревари и додавање на нови натпреварувања.
„Дојдовме во ситуација кога треба да се заштитиме. Тажно е каков е фудбалот денес, а голем пораз за фудбалот е тоа што фудбалерите треба да се заштитат себеси кога никој друг нема да го направи тоа наместо нив. Точно е дека играчите се многу добро платени, но човечкото тело има свои граници, и тие постојано се преминуваат“, изјави Моланго.
ФИФА планира да воведе нов формат на Светското клупско првенство во 2025 година, во кое треба да играат 32 клуба. На следното репрезентативно Светско првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе има 48 репрезентации и повеќе натпревари, а од следната сезона ќе се зголеми и бројот на натпревари во Лигата на шампионите.
„Скај Спортс“ пишува дека Манчестер Сити потенцијално би можел да одигра 86 натпревари во сезоната 2024/2025, заедно со Светското клупско првенство, што е страшно. Малонго е и член на претседателството на ФИФПро, светската асоцијација на професионални фудбалери, која исто така се подготвува да преземе правни чекори за заштита на играчите. Малонго рече дека светската асоцијација на професионални фудбалски лиги ќе се приклучи на движењето на фудбалерите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
