
Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Интер ремизираше (1-1) на гости против Џенова. „Нероаѕурите“ ќе ја заокружат 2023 на првата позиција со 45 бода, пет повеќе од Јувентус кој утре ја пречекува Рома во Торино.
Марко Арнаутовиќ во 42.минута донесе водство за Интер, но Џенова одговори пред крајот на првиот дел, кога Раду Драгушин погоди за 1-1.
Лацио го победи Фросиноне со 3-1, со пресврт во второто полувреме. Гостите поведоа од пенал во 57.минута со голот на Суле, но Лацио брзо направи пресврт. Кастелјанос израмни во 70.минута, а две минути подоцна Исаксен погоди за 2-1. Третиот гол беше дело на дефанзивецот Патрик во 84.минута од дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
