Шпанскиот гигант Реал Мадрид на почетокот на 2024 година ќе му постави ултиматум на Килијан Мбапе. Француската ѕвезда до средината на јануари ќе треба да се изјасни дали има намера конечно да направи трансфер во „кралскиот клуб“, со оглед дека досега двапати во последен момент носеше одлука да остане во Пари Сен Жермен.
Од 1 јануари Мбапе влегува во последната половина година од договорот со ПСЖ, што значи дека е слободен да преговара со други клубови. Последен пат кога Реал Мадрид сакаше да го доведе Мбапе по истекот на договорот, Французинот ги изигра и потпиша уште една година со ПСЖ.
Сега во Мадрид сакаат да го спречат тоа и му дадоа јасен услов на Мбапе – ако не се согласи на трансфер до средината на јануари, нема ништо од трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













