Connect with us

Скандал во Ријад, откажaн Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај

Натпреварот од Суперкупот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај, кој требаше да се одигра вечерва, со почеток во 18.45 часот, во Ријад, Саудиска Арабија, е откажен поради голем скандал.

Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра во друго време и на друго место, а сега се чека само официјална потврда од двата клуба.


Причината за ова е што организаторите на натпреварот во Саудиска Арабија не им дозволија на фудбалерите на Фенербахче и на Галатасарај да влезат на теренот облечени во маици со ликот на Кемал Ататурк во чест на 100-годишнината од основањето на Турција.

Челниците на лутите ривали не се согласиле на компромиси, а играчите останале на двата тима останале во хотелот и воопшто не дојдоа на стадионот.

На крајот, длучено е натпреварот да биде откажан бидејќи организаторите не ја промениле одлуката, а тоа не им се допаднало на челниците на Фенербахче и на Галатасарај.

Турските медиуми истакнуваат дека за овој потег Фенербахче и Галатасарај добиле огромна поддршка и од лутите ривали, Бешикташ и Трабзонспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови