Македонскиот младински репрезентативец Јани Атанасов одлучи да го напушти турскиот прволигаш Бурсаспор. Тој се збогува од навивачите на Инстаграм истакнувајќи дека заминува во потрага по поголема минутажа.
„Пред да дојдам во Бурса играв пред најмногу петстотини гледачи во Македонија, а кога дојдов се импресионирав од атмосферата кога првпат стапнав на „Крокодил Арена“. Дојдов и го избрав овој клуб по препорака на менаџерите кои се грижат за мојата кариера, но за жал си заминувам, после советите од менаџерите.
Немаше позитивен пристап од тренерот уште од првиот ден. Постојано бев надвор од А-тимот, а кога ќе прашав што треба да направам за да се поправам, не довивав одговор. И за време на мојот претстој имаше проблеми, како спортски, така и економски. Јас ја засакав Бурса, градот, навивачите, клубот од првиот ден кога дојдов. Играв од љубов, се борев, но дојде време за разделба. За мене ќе бидете најдобрите навивачи.
Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи со кои досега играв, тие ми се како браќа, ги сакам сите и им посакувам многу успеси во животот. Убеден сум дека Бурса ќе ја вратите каде што заслужува.
Си одам од Бурса со крената глава“, објави Атанасов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













