Горан Пандев е подготвен да одигра уште една сезона во својата фантастична кариера, откако вчера со Џенова го обезбеди прволигашкиот статус со победата во последното коло над Верона.
Пандев се јави со порака преку својот инстаграм-профил, најавувајќи дека е подготвен за да мине уште една сезона во дресот на Џенова, но и изразувајќи надеж дека фудбалот повторно ќе се игра пред гледачи на трибините.
„Ова беше долга, тешка сезона, во која фудбалот не беше во преден план. Делуваше дека ќе е чудо ако воопшто го завршиме првенството, но сега животот ќе почне одново и покрај многуте тешкотии. Обезбедивме опстанок. Среќен сум што играм за Џенова, среќен сум што опстанокот им донесе олеснување на сите црвено-сини срца. Мето срце исто така е црвено-сино веќе подолго време и чуда со надеж дека животот повторно ќе се врати во нормала. Одиме напред со самодоверба, оваа сезона заврши, следната е веќе пред нас. Би сакал повторно да ги доживеам прегратките со навивачите, навивањето на луѓето, атмосферата на „Мараси“. Се уште сме заедно“, порача Пандев.
View this post on Instagram
È stata una lunga, difficile stagione. Il calcio è passato in secondo piano, sembrava un miracolo poter finire il campionato. La vita riprende tra tante difficoltà. Sul campo siamo salvi ma non riesco a gioire. Sono felice di giocare al Genoa, sono felice se la salvezza ha portato un poco di sollievo nei cuori rossoblù. Anche il mio cuore è rossoblu, da tempo. E batte di speranza mentre la vita a fatica riprende. Avanti con fiducia! Il campionato si è chiuso, il prossimo ci aspetta. Vorrei rivivere l’abbraccio della folla, i cori della gente, la spinta di Marassi. Ancora insieme….FORZA GENOA ❤️?
A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19) on Aug 3, 2020 at 1:00am PDT
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski