Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го прокоментира ремито 2-2 на „граѓаните“ против Кристал Палас во мечот од 17. коло на Премиер – лигата. Според шпанскиот стратег до губењето на вредните бодови дојде по слабото издание во одбраната.
„Загубивме два бода иако одигравме добар натпревар. Навистина добро ги контролиравме транзициите и создадовме многу шанси, но во последната фаза од натпреварот не можеме да дозволиме втор гол, кој го постигна Кристал Палас. Донесовме погрешни одлуки во шеснаесетникот и бевме казнети. Загубивме два бода поради наша грешка“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити остана на четвртата позиција со 34 бода, три помалку од лидерот Ливерпул кој денеска во дербито го пречекува Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













