Connect with us

Кристал Палас на неверојатен начин му украде бод на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Шампионот Манчестер Сити потклекнува во трката за врвот, откако на неверојатен начин испушти победа и одигра само 2-2 на „Итихад“ против Кристал Палас. Тимот на Пеп Гвардиола имаше сигурно водство од 2-0 со головите на Џек Грилиш во 24.минута и на Рико Луис во 54.минута, а потоа во финишот успеа тоа да го прокоцка.

Матета во 76.минута му даде надеж на гостинскиот тим, а потоа во 95.минута, по фаулот што го направи Фил Фоден, беше досуден пенал што во гол го претвори Олисе.

Челси го победи Шефилд Јунајтед со 2-0, со головите на Кол Палмер и на Николас Џексон, а Њукасл славеше со 3-0 против Фулам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови