Повеќе од успешни 30 месеци мина Горазд Михајлов на клупата на Силекс. Го презеде кога поранешниот шампион беше на ниски гранки, но успеа не само да го врати во елитата, туку и да го вметне во горниот дел од табелата. Со ростерот со кој располагаше, дефинитивно вадеше максимум. Но, дојде време за разделба.
Горазд Михајлов преку МАКФУДБАЛ открива дека заминува од Силекс.
“Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше 2,5 години. Можам да бидам презадоволен од постигнатите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници (спортскиот директор Ристиќ, Иванов, Глигоровски, Христовски, Динев, Мицков) каде успеавме да го вратиме ФК Силекс на старите патеки во мак- фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите.
Затоа на сите од клубот им благодарам од се срце за неизмерната подршка, шансата која ми ја доверија и ја оправдав со својата посветеност и резултати, а верувам дека во иднина ќе постигнувате позитивни резултати а јас ќе Ве следам и навивам за Вас.
Ти благодарам Кратово, ти благодарам Силекс”, вели Горазд Михајлов.
Успешната епизода во Силекс сигурно ќе биде мамка за останатите клубови од Македонија и од странство да достават понуди за Горазд Михајлов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













