Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе може да преговара со кој било клуб за две недели бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2024 година.
Гласините за неговата иднина експлодираа во последните денови бидејќи нема вести дека ќе потпише нов договор со парижаните, а Реал будно ја следи ситуацијата и го чека вистинскиот момент за контранапад.
Еден од последните што зборуваше за ситуацијата на Мбапе беше неговиот сонародник Тиери Анри.
„Да сум на местото на Килијан Мбапе, не би го напуштил Париз. Би сакал да го завршам она што го започнав. Зошто да си замине? Тој го сака ПСЖ и е од овој град, мора да го разберете тоа“, изјави Анри.
Легендата на Арсенал потсети дека Мбапе беше во слична ситуација во 2022 година и на крајот го обнови договорот со ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













