Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ќе го пропушти вториот последовен натпревар во Премиер – лигата поради повреда. Менаџерот Пеп Гвардиола рече дека тоа во голема мера не е изненадување за нив, а неговите надежи се дека стрелецот ќе биде подготвен за натпреварите на Светското клупско првенство во Саудиска Арабија.
„Мислам дека нема да го искористиме в сабота“, изјави Гвардиола на новинарите пред утрешното гостување кај Кристал Палас. “Но, тие може изненадувачки да ми кажат некоја добра вест, којзнае?”
Халанд ја пропушти победата над Лутон минатата недела со 2-1 и исто така не беше во тимот за гостувањето во Белград против Црвена Звезда во последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите.
Сепак, Гвардиола рече дека не е загрижен за 23-годишниот играч, кој има 14 првенствени голови оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













