Connect with us

Васоски си замина: Се надевав дека ситуацијата во Вардар ќе се подобри, но очигледно дека се нема слух и стратегија

Најтрофејниот македонски клуб Вардар остана без шефот на стручниот штаб Александар Васоски, кој со завршувањето на есенската полусезона донесе одлука да се повлече. Неколку дена подоцна, тој и ја објасни својата одлука, за која многу влијае лошата финансиска ситуација во клубот.

„Факт е дека Вардар е последно место на табелата, што секако не му личи на клуб од реномето, меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат Вардар, не го одминаа и оваа сезона. Освоени се 17 бода, чисти како солза, без помош од пријатели. Играта од меч во меч се поправаше, многу шанси за жал не ги реализиравме. И со малку повеќе среќа ќе имавме 5-6 бода повеќе. Несреќна околност беше и повредата на Мицевски.

Огромна благодарност до в.д раководството на Вардар – „Комитите“, кои одвоија средства и помогнаа за функционирањето на клубот. Благодарност до навивачите, до администрацијата, вработените, а најголема благодарност до фудбалерите кои вложија натчовечки напори да се постигнат резултати.

Јас ветив дека до декември ќе останам да помогнам, се надевав дека ситуацијата ќе се подобри, меѓутоа очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам овој товар на таквото функционирање, се повлекувам од тренерското место. На клубот му посакувам сè најдобро во иднина“, објави Александар Васоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови