
Ливерпул отпатува во Белгија со само 12 првотимци пред вечерашниот натпревар од Лигата на Европа против Ројал Унион Сен Жилоа. Пред гостувањето на Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ в недела, менаџерот Јирген Клоп ги остави Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах надвор од тимот кој го победи Кристал Палас минатиот викенд.
Сепак, менаџерот на „црвените“ ги доведе Дарвин Нуњес, Луис Дијаз, Коди Гакпо, Доминик Шобошлаи и Рајан Гравенберх, додека 20-годишниот Џарел Кванза, кој веќе имаше 12 настапи оваа сезона, и крилниот напаѓач Бен Доак, кој исто така настапи во Лигата на Европа и Премиер – лигата, најверојатно ќе го започнат мечот, како и вториот голман Квивин Келехер.
Тоа значи дека Ливерпул ќе има десет играчи на возраст од 18 до 21 година кои би можеле да добијат шанса да настапат. Тоа го вклучува и 19-годишниот Кејд Гордон, кој играше четири пати во сезоната 2020/21, но ги пропушти последните 18 месеци поради повреда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
