
Реал Мадрид летово го донесе Хоселу и многумина беа скептични како ќе се снајде, но сега ситуацијата е поинаква. Искусниот напаѓач пристигна на позајмица од Еспањол, а беше откриено дека Реал има опција да го откупи за само милион и пол евра.
Точно е дека веќе има 33 години, но Хоселу покажа дека е одлична опција во ротацијата и максимално ја користи својата шанса.
Сезонава постигна осум гола со две асистенции на 21 натпревар, за нешто повеќе од илјада минути поминати на теренот.
Хоселу ги доби своите пет минути и во шпанската репрезентација, па се чини дека сезоната 2023/24 не може да биде подобра за него. Останува само Реал да го откупи на лето и тој да оди на ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го врати Жоао Палиња во Премиер-лигата
