
ПСВ Ајндховен ремизираше (1-1) против лидерот Арсенал и го освои второто место во групата Б од Лигата на шампионите. Двете екипи се пласираа во нокаут фазата, додека третата позиција му припадна на Ленс кој со 2-1 ја победи Севилја. Францускиот тим продолжува во Лига Европа.
Еди Нкетија во 42.минута го доведе Арсенал во водство, а израмни Јорбе Вертесен во 50.минута од мечот.
Франковски од пенал во 63.минута донесе предност за Ленс, а израмни Серхио Рамос во 79.минута исто така од пенал.
Анџело Фулџини со голот во 92.минута му обезбеди триумф на Ленс на овој меч.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
