
Пауло Дибала повторно се повреди. На натпреварот против Фиорентина мораше да излезе по нешто повеќе од 20 минути игра.
Дотогаш, Аргентинецот забележа асистенција за водечкиот гол кој го постигна Лукаку во петтата минута.
Дибала го повреди мускулот на левата нога и по лекарските прегледи е познато колку време ќе отсуствува од терените.
Паузата ќе биде 10 дена и ќе ги пропушти натпреварите против Шериф во Лига Европа, како и против Болоња во Серија А.
Поранешниот играч на Јувентус оваа сезона забележа 14 настапи и постигна четири гола и додаде шест асистенции.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement