Јувентус заврши одлична работа. Во редовите на „старата дама“ ќе остане Адриен Рабио, кој ќе го продолжи договорот во јуни следната година.
Челниците на Јувентус го убедија Рабио да потпише нов договор до 2025 година, а оваа информација ја носи популарната „Газета“.
Тој пристигна во Јувентус во 2019 година од ПСЖ и стана стандарден првотимец. Неодамна се шпекулираше дека може да го напушти Јувентус доколку клубот не се согласи со неговите нови услови. Се чини дека е најден заеднички јазик, но мал проблем е што италијанскиот клуб сака долгорочен договор.
Јувентус сака Рабио да остане во Торино уште најмалку три сезони, додека фудбалерот размислува поинаку и преговара за соработка до 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal