Една од трансферните цели на Реал Мадрид во блиска иднина е дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Според „Defensa Central“, Баварците се подготвени да го испратат Канаѓанецот во шпанската престолнина, но само доколку во замена го добијат крилниот напаѓач на „кралевите“, Родриго.
Според изворот, алтернатива на оваа зделка е размената на Дејвис со надежниот мадридски играч за врска Нико Паз со доплата од „кралскиот клуб“. Се забележува дека и двете опции тешко би се вклопиле во плановите на клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
22-годишниот Родриго е меѓу најталентираните фудбалери на Реал Мадрид. Тој дојде во 2019 година, а неговиот актуелен договор со клубот трае до јуни 2028 година.
Оваа сезона Бразилецот настапи на 20 натпревари, постигна девет гола и забележа пет асистенции, а неговата вредност е процената на 100 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













