Наполи ја „торпедираше“ Џенова победувајќи со убедливи 6-0 во 2. коло од Серија А, во натпревар во кој првиот свој гол сезонава го запиша и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Елмас кој во игра влезе во 23. минута на местото на Инсиње, со асистенција и погодок партиципираше во триумфот на наполитанците. Елмас беше стрелци на петтиот гол во 69. минута…
GOAL Eljif Elmas | Napoli 5 – 0 Genoa pic.twitter.com/Mu8kUylbEM
— Football is Life (@MHsn_FC) September 27, 2020
Претходно, во 46. минута македонскиот фудбалер асистираше и на Зјелински, кој по неговото проигрување го постигна голот за водство од 2-0. Два гола за Наполи постигна и Лозано, а по еден уште Мертенс и Политано.
Горан Пандев во игра влезе во 55. минута на местото на Зајц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













