Connect with us

Судиска анализа на ФФМ: Брегалница оштетена, голот на Воска постигнат од офсајд

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 17 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:


На натпреварот ФK Работнички – ФK Брера АП одигран на 3.12.2023 година, анализирана е ситуацијата од 53 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

53 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа додаде топка до свој соиграч пред 16-сетникот на гостинската екипа централно од голот, пред соиграчот да ја прими топката и да излезе во очигледна шанса за гол (сам пред голманот), претпоследниот играч од одбраната на гостите го повлече за тело играчот и направи недозволен старт.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостинската екипа , за спречување очигледна шанса за гол (играч излегува сам пред голман)

На натпреварот ФK Силекс -ФK Гостивар одигран на 3.12.2023 година, анализирани се ситуациите од 45+2 и 54 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов.

45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:1)

Играч на гостинската екипа во 16-сетникот на домашната екипа упати удар кон голот на домакините, иргач на домашната екипа го блокираше шутот со нога и потоа топката се одби по земја и удри во рака на друг играч на домакините, кој беше паднат на земја со раката до тело и природна положба за таа позиција на телото.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот што беше на земја беше во природна положба за таа позиција на телото и одбиената топка го удри во рака.

Главниот судија беше одлично поставен и близу ситуацијата , со јасна прегледност и исправно покажа играта да продолжи.

54 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:1)

Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја удри топката кон голот на домашната екипа и таа го погоди во рака (природна положба, спуштена близу тело и без зголеме волумен) противничкиот играч.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на домашната екипа во моментот кога топката го удри, се наоѓаше во природна положба, близу телото.

Главниот судија и во оваа ситуација беше одлично беше поставен, имаше одлична прегледност и донесе исправна одлука.

На натпреварот ФK Брегалница – ФK Воска одигран на 3.12.2023 година, анализирана е ситуацијата од 45+1 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Мартин Петковски и Слаѓан Марковски.

45+1 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано офсајд позиција, гол постигнат за гостинската екипа, при резултат 2:0)

Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите со глава ја додаде топката до свој соиграч кој во момент на додавање на топката се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа, ја прими топката и постигна гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија што не сигнализираше офсајд позиција, бидејки играчот на гостите што постигна гол, во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домашната екипа.

На натпреварот ФK Шкупи – ФK Шкендија одигран на 3.12.2023 година, анализирана е ситуацијата од 86 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

86 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција, стопирана очигледна шанса за гол за домашната екипа, при резултат 1:0)

Играч на домашната екипа додаде топка до свој соиграч, кој кога му беше додадена топката излагаше сам пред голманот на гостинската екипа во очигледна шанса за гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија што досуди офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејки во момент на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше во дозволена позиција, односно пред претпоследниот играч од одбраната на гостите и со тоа се стопира очигледна шанса за гол за домашната екипа.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 14 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 14. коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФK Победа– ФK Пелистер одигран на 2.12.2023 година, анализирана е ситуацијата од 8 минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

8 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа во 16-сетникот на домашната екипа упати удар кон голот на домакините, играч на домакините сакајки да ја изблокира топката, таа го удира во рака која е во неприродна положба и широко одвоена од телото.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа за игра со рака која се наоѓа во неприродна положба и широко одвоена од телото.

На натпреварот ФK Осогово– ФK Арсими одигран на 2.12.2023 година, анализирани се ситуаците од 10 и 18 минута.

Главен судија: Доне Ристовски. Помошни судии: Иван Танев и Давор Дишлиовски.

10 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на домакините, играч од домашната екипа сакајки да му ја избие топката направи недозволен старт од позади грб (на ногата на играчот) без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт на играч на домашната екипа на ногата на противнички играч.

Главниот судија одлично беше поставен и имаше одлична прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.

18 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недоделен ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа, при резултат 0:0)

На една топка која на средина на теренот, која не беше во ничив посед тргнаа два противнички играчи, играчот на гостите пред да ја удри топката со глава, противнички играч направи опасен и недозволен старт со високо подигната нога (отворен ѓон) удирајки ја топката а потоа и главата на играчот.

Погрешна одлука на главниот судија што не додели никаква дисциплинска мерка за ваков старт, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели ЦРВЕН картон за играчот на домашната екипа, поради опасен и недозволен старт (високо подигната нога, отворен ѓон во главата на противнички играч).

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови