Силекс го победи Вардар со 3-2 во натпревар со неколку прекрасни голови на тешкиот терен за игра во Кратово. Актуелниот шампион Струга ТЛ успеа да слави (1-0) против Воска во езерското дерби со гол од пенал во 99.минута. Стрелец беше Ванѓел Згуро.
Вардар поведе на дуелот во Кратово со голот на Ненад Мишковски во 14.минута, а шест минути подоцна Антонио Каланоски постигна ефектен гол со глава.
Во 27.минута, беше досуден пенал за Силекс. Гачевски го одбрани ударот на Каланоски, но напаѓачот на Силекс од втор обид сепак ја погоди мрежата.
Виктор Серафимовски во 77.минута постигна прекрасен гол од далечина, а намали Нијаз Јусуфи во 89.минута.
Актуелниот шампион Струга Трим Лум промаши многу шанси пред голот на Воска, но, сепак, на крајот стигна до триумф во езерското дерби. Беше досуден пенал во 99.минута, а го реализираше Ванѓел Згуро.
Сега стружани се на врвот на табелата со 36 бода, еден повеќе од Шкупи, во пресрет на последното есенско коло.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski