Поранешниот напаѓач Патрик Клајверт издржа само 20 натпревари како тренер на турскиот прволигаш Адана Демирспор. Тимот почна добро на европската сцена, но потоа дојде лошата серија и во Турција.
На последните четири натпревари тимот забележа три ремија и еден пораз.
Во соопштението на клубот се наведува дека Адана Демирспор се раздели со Патрик Клајверт со заедничка согласност и на холандскиот тренер му се заблагодари за досегашната работа.
На 20 натпревари кои беа под водство на Патрик Клајверт, Адана Демирспор имаше осум победи, шест нерешени меча и шест порази.
Раководството на Адана Демирспор за тренерското место ќе избира меѓу Италијанците Андреа Пирло, Фабио Канаваро и Французинот Бруно Женесио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













