
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за големото ривалство со неговиот колега од Ливерпул, Јирген Клоп. Двајцата досега се сретнаа вкупно 29 пати во нивните тренерски кариери, при што Германецот има 11 победи, наспроти 10 на Гвардиола.
Според тоа, Клоп е менаџерот од кого Гвардиола загубил најмногу пати во кариерата, а Пеп е менаџерот со најмногу победи против Германецот.
На прашањето кој е неговиот најголем ривал на тренерско ниво, Гвардиола одговори:
„Јирген Клоп. Прво, веќе се сретнавме милион пати – во Дортмунд и овде. Второ, затоа што ме победи многу пати и секогаш е предизвик да се соочуваме повторно и повторно. Го почитувам многу поради начинот на кој играат неговите тимови. Така беше во Дортмунд, Мајнц и сега во Ливерпул. Стилот е многу привлечен и позитивен. Се почитуваме. Секако дека имаме расправии и не сакам да губам од него, но тој е мојот најголем ривал“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ падна на „Велодром“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ламин Јамал повторно добитник на „Копа Трофеј“

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
